Европратеничката Дорис Пак во дводневна посета на Македонија

 

Европратеничката Дорис Пак од денеска престојува во дводневна посета на Македонија.

Предвидено е  европратеничката заедно со министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, ќе го посети основното училиште „Браќа Миладиновци“ во општина Аеродром, каде од оваа година се имплементира меѓународната ИБ програма, а напладне Дорис Пак ќе учествува на дебата посветена на улогата на европските институции во процесот на проширување на Европската унија, што се организира во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Потоа, европратеничката во македонското Собрание ќе оствари средба и со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и со пратениците Христина Рунчева, Илија Димовски, Александар Спасеновски и Владимир Ѓорчев.  

Европратеничката утре ќе учествува и на конференцијата „Европа помеѓу вредностите и предизвиците“ што ќе се одржи во Министерството за надворешни работи во организација на Паневропската унија на Македонија и Институтот за економски стратегии и меѓународни односи.

01.11.2013 - 09:20
Фото: 
А1.он

најчитано сега