Нов електронски систем на Царината кој ќе ги намали трошоците на компаниите

Електронско поднесување декларации, помалку чекање на граничните премини, намален број, но поефикасни контроли и подобри резултати во наплатата на приходите, се бенефитите од новиот електронски систем што го воведува Царинската управа за кои денеска информираше Ванчо Каргов.

- Станува збор за еден од најважните софтвери што треба да го замени досегашниот застарен кој е на „стаклени нозе“ и не овозможува доволна проточност за навремено и брзо процесирање на царинските декларации. Со целосното компјутерско работење, економските оператори воопшто нема да користат хартија, електронски ќе ги поднесуваат декларациите што ќе значи помалку трошоци. Процесирањето ќе биде брзо, ефикасно и без застои како досега поради паѓање на системот, изјави директорот на Царинската управа пред денешната презентација Ванчо Каргов.

Системот вреден околу 2,5 милиони евра, ќе стартува од мај идната година.

30.10.2013 - 16:19
Фото: 
Канал5

најчитано сега