Во Македонија годишно од рак умираат 4.625 лица
Денеска беше промовиран Македонски сојуз за борба против ракот - МАСБОРАК во кој членуваат здружението „Пеперутка“ и други здруженија кои дејствуваат на полето на борбата против ракот од Струмица, Прилеп, Штип, Битола и Свети Николе.
Претседателот на Македонски сојуз за борба против ракот, Јовица Пријевиќ укажа на податоците на Интернационалната агенција за проучување на ракот при Светската здравствена организација според кои, во Македонија во минатата година биле регистрирани 7.330 лица заболени од рак.
- Тоа значи дека секој од нас во своето потесно или пошироко семејство има некој близок заболен од рак. При тоа проблемот не е концентриран само на еден град или област, туку граѓаните од цела Македонија се соочуваат со истите проблеми. Оттука и идејата за здружување на национално ниво, посочи Пријевиќ.
Претседателот на „Пеперутка“, Наташа Маслеша рече дека Сојузот ќе се залага за достигнување на стандардите во онкологијата кои се применуваат во развиениот свет.
Инаку, во Македонија годишно од рак умираат 4.625 лица.