Распродадени влезниците за ракометниот меч Металург Вардар Про
Влезниците за ракометниот мечот на Металург со големиот конкурент Вардар Про во рамките на ВИП Супер лигата се однапред распродадени па поради тоа повеќе не треба да се очеквуаат продажба на влезници на билатералата во салата „Автокоманда“.
За најголемото балканско ракомтено дерби беа отпечатени ограничен број на влезници, поради создавање на безбедни услови во салата „Автокоманда“.
Од Металург истакнаа дека се свесни за интересот што постои во јавноста за следење на дербито во живо, но сите знаеме дека капацитетот на нашата матична сала е ограничен и во никој случај не може да одговори на барањата на сите наши фанови.
Натпреварот ќе се одигра во четврток (09.05.2013 година) во салата „Автокоманда“, во Скопје, со почеток во 18 часот, а Македонската Радио Телевизија ќе врши директен пренос.