Средба на министерот Џафери со медицинскиот тим на АРМ во Алтеа

 

Министерот за одбрана Талат Џафери и  заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини денеска се сретнаа со членовите на медицинскиот тим на АРМ кој во наредните шест месеци ќе учествува во мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

Тоа ќе биде 15 ротација на АРМ во АЛТЕА. Медицинскиот тим е  составен од 10 лица, стручен медицински и помошен персонал, чија задача во рамки на мисијата е обезбедување општа медицинска помош за потребите на силите на ЕУФОР, кои се сместени во кампот Бутмир кај Сараево. 

- Министерот Џафери изрази задоволство од досегашната работа на медицинскиот тим на АРМ во мисијата АЛТЕА, при што нагласи дека професионалното извршување на задачите во наредните шест месеци ќе биде главен предуслов за продолжување со успешното претставување на АРМ и Република Македонија во мисијата на ЕУ, соопшти по средбата Министерството за одбрана.

Генералот Сејдини истакна дека медицинскиот тим на АРМ во изминатите шест години на најдобар начин ги покажа способностите и интероперабилноста на АРМ во рамки на АЛТЕА, но и оти даде огромен придонес во афирмацијата на АРМ и Република Македонија. 

- Учеството на АРМ во мисијата АЛТЕА како дел од силите на ЕУФОР е од огромно значење за афирмацијата на Република Македонија, но и за промоција на оперативните способности на АРМ во делот на санитетското обезбедување. Медицинскиот тим на АРМ деновиве ги завршува последните подготовки  пред поаѓање за Бутмир, така што редовната ротација е планирано да се изврши на почетокот од следниот месец, соопшти Министерството за одбрана

30.10.2013 - 12:12

најчитано сега