ЕТНОС: „Славјанско-албанска Македонија“ не било предлог на Василакис

 

Името „Славјанско-албанска Македонија“ било спомнато за време на последната посета на Нимиц на Атина, при разговорот со министерот Венизелос, пред се за да се објасни комплексноста на проблемот, а не како конректен предлог.

Ова денеска го пишува весникот „Етнос“ во кусиот коментар под наслов „Краток спој“  за пишувањата на македонските медиуми дека Василакис предложил нашата земја да се вика „Славјанско-албанска Македонија“.

Речиси сите грчки гласила денеска јавија за информацијата на македонскиот весник „Дневник“ која ја пренесоа сите македонски медиуми, но освен „Етнос“, без коментари и подетално објаснување.

Се уште нема никаква реакција од грчкото МНР за последната рунда преговори во Њујорк, а со тоа ниту потврда ниту демант за наводниот предлог на грчката страна

30.10.2013 - 11:42

најчитано сега