Алармантно: Охрид „заглавен“ 33 милиони евра - дневно за камати се плаќаат по 14 илјади евра
Над 33 милиони евра изнесува долгот на општина Охрид заклучно со април годинава. Поради тоа, на основ на камати, македонскиот туристички центар дневно плаќа неверојатни 14.000 евра. Оптшинските власт вчера на прес конференција го обвинија поранешниот градоначалник Александар Петрески за недомаќинско работење
„За 25,582 милиони евра знаеме точно кому му должиме, износите и имињата се точно утврдени. Со најголем дел од нив веќе сме во преговори. Но, дури седум милиони евра се потенцијален, но сигурен долг на општина Охрид“, рече Димитар Спасески, секретар на општина Охрид.
Тој додаде дека спроведените ревизии ги надминале и најцрните очекувањ очекувања. „Општината е во сериозно тешка финансиска состојба“, изјави Спасески.
30.10.2013 - 09:28