Почина Александар Тијаниќ

 

Почина директорот на јавниот сервис на Србија Александар Тијаниќ. Тој денеска е најден мртов пред зградата на Нов Белград каде што живеел.

Тијаниќ имаше 64 години, и веќе 9 години е на чело на јавниот телевизиски сервис на Србија. Со децении важеше за едно од најострите новинарски пера во поранешна Југославија и Србија.

Тој е роден 13 декември 1949 година во Ѓаковица во Косово, каде што завршил основно училиште,  а средно во Приштина. Студирал новинарство на Факулетот за политички науки во Блеград.

28.10.2013 - 20:55

најчитано сега