(ВИДЕО) Кипарците: Косово е Србија
Навивачите на кипарски Анортозис и дадоа поддршка на Србија на мечот на одбојкашката Лига на Шампиони против турскиот тим на Фенербахче. На трибинте имаше околу 1000 навивачи од тимот од Фамагусте, со грчки знамиња како и со транспаренти „Слобода за Фамагусте“, „Грчка-Србија-православје“ и „Косово е Србија“. Овие транспаренти очигледно се одговор на изјавата на премиерот на Турција, Ердоган дека „Косово е Турско, а Турција е Косово“. Од 1974 година и турската окупација, Кипар е фактички поделен на северен, претежно турски дел и јужен, кој претежно е населен со Грци. Фамагуста се наоѓа во „турскиот“ дел на Кипар. Кипар е една од петте земји на ЕУ која го нема признаено Косово, заедно со Шпанија, Романија, Грчка и Словачка.
28.10.2013 - 16:38