Кој ќе седне во столчето на Кондарко во ДИК?

 

Петре Шилегов, Виолета Дума, Игор Милев, Ангел Солев... Ова се дел од имињата кои се споменуваат како можни наследници на Борис Кондарко во ДИК, но опозициската СДСМ се уште не потврдува кој ќе биде нивниот предлог.

Според извори на Пресс24, актуелниот портпарол на СДСМ и познат адвокат Петре Шилегов е еден од адутите на партијата на Заев но се погласно се шпекулира дека за челната позиција во ДИК се подготвува и поранбешната судика Виолета Дума која и во моментов е член на комисијата.

Меѓу имињата кои се вртата во јавноста се и оние на адвокатите Игор Милев кој беше кандидат на СДСМ за градоначалник на Радовиш како и адвокатот Ангел Солев од Скопје. 

Деновиве се очекува Собранието да го рапише огласот по што СДСМ ќе треба да го открие својот кандидат.

28.10.2013 - 11:41
Фото: 
а1он

најчитано сега