Скопје ќе го добие првиот центар против семејно насилство
Во Скопје денеска ќе биде отворен првиот семеен центар што ќе нуди услуги за психо-социјална поддршка на семејства во конфликтни односи, во кои се врши насилство или пак во изминатиот период постоело насилство.
На отворањето на центарот, како што е најавено, ќе присуствува градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Отворањето на центарот, е заедничка активност на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување - Х.Е.Р.А. и Град Скопје. Се реализира во рамки на истоимениот проект, дел од програмата ЦИВИЦА Мобилитас 2012, што ја спроведува Центарот за институционален развој, со финансиска поддршка од Швацарската агенција за развој и соработка.
Семејниот центар ќе функционира со поддршка од бизнис секторот
28.10.2013 - 08:56