Потоп на Барселона: Баерн ги торпедираше каталонците

 

Големата Барселона посрамотена како никогаш досега во историјата на Лигата на шампионите. Во четвртфиналето од ЛШ во Лисабон, Барселона во супер-пресметката доживеа вистински дебакл губејќи со неверојатни 2-8 од Баерн Минхен.

Бруката на Барселона беше најавена по само 30 минути игра во кои Баерн Минхен обезбеди предност од 1-4.

Во второто полувреме, Суарез во 57. минута намали за Барселона носејќи малку надеж, но потоа Баерн со головите на Кимих во 63. минута, Левандовски во 82. минута и Кутињо во 85. и во 89. минута, го заокружи срамот на каталонскиот тим за конечни 2-8.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2020 - 22:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега