Владата ќе стипендира 737 ученици
Македонската Влада преку Министерството за образование и наука и оваа учебна 2013-2014 година ќе додели 737 стипендии во шест различни категории.
400 стипендии ќе бидат додеделени зза социјална поддршка на ученици, 80 за ученици кои се со статус деца без родители. 50 стипендии ќе одат во рацете на ученици со посебни потреби, 150 за талентирани ученици-спортисти, 50 за талентирани ученици и 7 за ученици од угостителско-туристичка струка.
Министерот за образование и наука Спиро Ристовски денска информираше дека стипендиите се наменети за редовни ученици во јавните и приватни средни училишта во Македонија кои не повторувале година во образованието и не се корисници на стипендија од други институции. Тој потенцираше дека кандидатите треба да исполнуваат дополнителни услови специфицирани во конкурсите за секоја од категориите.
Конкурсите ќе бидат објавени во понеделник, во печатените медиуми и на веб страницата на МОН. Аплицирањето ќе трае две недели.
Ристовски нагласи дека документите ќе бидат детално прегледани со цел правилна и фер распределба на стипендиите.