Ќе се удри камен темелник на основно училиште во Железара

 

Старото основно училиште во населбата Железара во Општина Гази Баба „Григор Прличев“, ќе добие нов изглед. Kамен темелникот ќе биде поставен денеска, во присуство на министерот за финансии на Македонија Зоран Ставревски, министерот за образование и наука Спиро Ристовски и градоначалникот на општината Тони Трајковски. За ваквиот проект општината издвои пари заедно со Министерството за финансии и Светската Банка, од фондовите за подобрување на општинските услуги. Објектот ќе биде на површина од 2000 метри квадратни, а вкупната вредност за истиот ќе изнесува 72,444,954.000 денари. Училиштето ќе има капацитет за 500 ученици, но ќе има можност во иднина и за повеќе со оглед на тоа што ќе може да се догради уште еден кат.  

Запазени се сите современи стандарди, вклучувајќи ја енергетската ефикасност, заштитата на животната средина, и сите потреби за непречена работа и функционирање на наставите. Има специјални пристапи за лицата со посебни потреби, рампи, лифит и др. Периодот за кој се предвидува да се изгради училиштето ќе биде 18 месеци.

 

 

26.10.2013 - 10:00

најчитано сега