Јавен повик за доделување пет лиценци за ин витро

 

Министерството за здравство распишува јавен повик за доделување пет лиценци за ин витро. 

- Во моментов во државата има седум овластени здравствени установи за спроведување на ин витро и заедно со новите пет лиценци ќе се зголеми конкурентноста и осигурениците ќе добијат поголема можност да избираат каде ќе ја извршат оваа услуга, истакна денеска министерот Никола Тодоров.

Министерот упати апел да се пријават и здравствените установи надвор од Скопје бидејќи засега најголем број установи кои вршат инвитро се во главниот град.

Инаку, повикот ќе трае 26 дена по што ќе следи јавна аукција.

25.10.2013 - 13:58

најчитано сега