Адеми: Македонија успеа да оствари елиминација на 99% од супстанците кои ја осиромашуваат озонската обвивка

 

Министерот Адеми  од 21 до 25 октомври  учествува на 25. Состанок на членките на Монтреалскиот протокол за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка во Банкок,Тајланд.

Адеми на овој состанок истакнал дека Македонија успеа да оствари елиминација на 99% од супстанците кои ја осиромашуваат озонската обвивка и имплементација на конкретни инвестициони проекти.

Една од главните теми на пленарните седници во Банкок беа амандманите за вклучување на ХЦФЦ соединенијата во надлежност на Монтреалскиот протокол, кои добија поддршка од повеќето земји.

Република Македонија пред 10 години беше иницијатор за формирање, а воедно и домаќин на основачкиот состанок на Регионалната мрежа за озон за Источна Европа и Централна Азија, која денес вклучува 12 земји во развој од Балканот, Централна Азија и Кавказкиот регион. И оваа година, Состанокот, со кој се одбележа 10-годишнината од создавањето на Мрежата за соработка меѓу земјите потписнички на Монтреалскиот Протокол, исто така се одржа во Македонија.

По тој повод, а во рамките на министерскиот сегмент, министерот Адеми ја промовираше публикацијата (брошура) на УНЕП издадена по повод десет годишнината од формирањето на Регионалната мрежа која има за цел, со земјите во и надвор од регионот на Источна Европа и Централна Азија да се споделат најзначајните достигнувања, најдобрите практики и клучните приоритети на Мрежата

 

 

25.10.2013 - 13:43

најчитано сега