Академијата за судии и јавни обвинители организира правно советување за еднаквост на оружјето

 

 

Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Советoт на Европа организира советување на тема „Член 6 од ЕКЧП – еднаквост на оружјето“ на која учество ќе земат судии и јавни обвинители од сите апелациски подрачја, како и претставници на странски мисии во земјата.

Предавачи на советувањето ќе бидат националните судии на Европскиот суд за човекови права, Мирјана Лазарова Трајковска од Република Македонија и  Isabelle Berro-Lefevre од Монако.

Целта е размена на искуства и продлабочување на знаењата на носителите на правосудните функции.

25.10.2013 - 09:51
Фото: 
Канал5

најчитано сега