Пратениците ќе расправаат за Извештајот на ЕК
Македонското Собрание денеска ќе ја продолжи 74. седница на чиј дневен ред е Извештајот на Европската комисија за остварениот напредок на Република Македонија за 2013 година.
Пратениците ќе расправаат и за повеќе предлог закони од областа на финансиите, правдата, социјалата, земјоделството.
Пред пратениците е предлог законот за изменување на Законот за судовите во второ читање, Предлог законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2014 година по скратена постапка, Предлог законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци - Штип и патна делница Кичево - Охрид по скратена постапка, Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за „Проект за изградба на автопат - делница Кичево - Охрид" кој ќе се склучи меѓу Експорт - импорт банката на Кина и ЈП за државни патишта по скратена постапка, се само некои од точките на дневниот ред.
На дневен ред се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за пасиштата, Законот за земјоделското земјиште и Законот за социјалната заштита, сите во прво читање, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од пушењето по скратена постапка, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот, двата во прво читање, Предлог законот за медијација,.