Груевски на тет-а-тет средба со бугарскиот колега Орешарски
Македонскиот премиер Никола Груевски вечерва на маргините на Самитот не европските народни партии ќе оставари директна средба со својот бугарски колега Пламен Орешарски. Средбата на двајцата премиери доаѓа во особено важен момент за Македонија, особено во насока на нејзините напори да ги подобри односите со своите соседи.
Интересно е што денеска, пријателска порака упати и поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов кој обелодени дека на последната средба со македонскиот премиер Никола Груевски договориле Бугарија да не ги попречува македонските евро-интеграции. Борисов два дена подоцна си поднесе оставка. Тој рече дека очекува неговите наследнице да го почитуваат неговиот договор со македонскиот премиер
24.10.2013 - 18:49