Босанскиот амбасадор ја посети општината Ѓорче Петров
Aмбасадорот на Босна и Херцеговина Здравко Беговиќ ја посети општината Ѓорче Петров.
Како што информираат од Општината, Беговиќ и градоначалникот Сокол Митровски разговарале за можностите за воспоставување на соработка со една општина од оваа земја на културен, спортски и стопански план. Неговата екселенција Беговиќ се заложил дека набргу ќе разговара со претставниците од неколку градови од Босна и Херцеговина за воспоставување на взаемна соработка. Градоначалникот Митровски ги претставил стопанските можности на општината и воедно посакал предвидената динамика за соработка да се реализира во најскоро време со што двете страни би имале заеднички интерес.
-Беа разменети и искуства од досегашното аплицирање на општината Ѓорче Петров во европските фондови кои нудат поволни услови за побрз развој во сите сфери, соопштуваат од Ѓорче Петров.