Ердоган: Косово е Турција - Турција е Косово!
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, во Призрен истакна дека Косово е неговиот втор дом. Оваа изјава Ердоган ја даде на собир на кој присуствуваше и Хашим Тачи кој потсети дека токму Турција е првата држава која ја призна независноста на Косово, како и Еди Рама кој изјави дека граѓаните на Косово, Албанија и Турција, Албанците и Турците, се братски народ.
-Немојте да заборавите дека Турција е Косово и Косово е Турција, ние сме толку блиски што и авторот на турската химна, Мехмет Акиф Ерсој е од Косово, рече Ердоган.
Инаку, во Косово турскиот премиер пристигна со владина делегација, и потенцираше дека Косово е неговиот втор дом.
24.10.2013 - 13:02