Македонска царинска делегација на семинар во Литванија

 

Делегација на Царинската управа на Република Македонија учествува на семинар за царинска соработка – Источна граница на ЕУ, кој се одржува денеска и утре во Друскининкаи, Литванија.

Според информациите од Македонската царина, целта на семинарот е да се подобри царинската соработка помеѓу земјите членки на ЕУ, земјите кандидати и потенцијални кандидати, како и земјите кои ја претставуваат источна граница на ЕУ. Предвидено е на семинарот да се дискутира за понатамошно усогласување на царинското законодавство, за развој на системите за овластен економски оператор и за развој на системите за анализа на ризик. 

Првиот дел од состанокот се одвива во рамки на пленарна сесија, каде поздравен говор ќе имаат генералниот секретар на Светската царинска организација, ЕУ комесарот за царини и даноци, генералниот директор на Царинската управа на Литванија и генералниот директор на DG TAXUD.

Првиот човек на Македонската царина, Ванчо Каргов ќе учествува во делот за Развој на безбедни трговски ленти, Овластен економски оператор и Царинска вредност.

 

24.10.2013 - 12:21
Фото: 
сител

најчитано сега