ФОТО: Најсексапилната хрватска пејачка ќе го запали Скопје
Шестото издание на Македонскиот радиски фестивал МАРС 2013 ќе се одржи на 26 ноември во Универзална сала –Скопје. Фестивалот е финансиски поддржан од Градот Скопје.
45 локални, регионални и национални радиостаници ширум земјава ја вршат селекцијата на најпопуларните годинешни радиохитови. На финалната вечер на МАРС 2013, која ќе биде директно пренесувана на првиот канал на МРТВ, ќе се најдат 15-те највртени песни во македонскиот радиоетер.
Освен македонската музичка елита и годинава на МАРС 2013 ќе настапат две големи музички имиња од територијата на бившите ЈУ простори кои ќе бидат и специјални гости на фестивалот. Наградите за Ѕвезди од соседството ќе одат во рацете на сексапилнатата хрватска пејачка Јелена Розга и кај ултрапопуларниот музичар, композитор, текстописец, продуцент и пејач од Белград, Владо Георгиев, чии хитови од новиот албум „Далечина“ ги преокупираат радиофреквенциите во сите екс ЈУ републики.
Двајцата пејачи специјално ќе допатуваат во Скопје за да ги примат наградите на МАРС 2013, а со своето присуство и настапи тие ќе ја збогатат програмата, зголемат рејтингот и ќе го подигнат реномето на шестото издание на МАРС 2013.