Седници на три собраниски комисии

 

Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат комисите за транспорт, врски и екологија, за здравство и Законодавно-правната комисија.

Членовите на Комисијата за транспорт ќе расправаат по Предлог законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патните делници Миладиновци - Штип и Кичево - Охрид, по скратена постапка, а Комисијата за здравство ќе го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пушењето, исто така по скратена постапка.

Законодавно-правната комисија, пак, ќе расправа по двата предлог закона. 

24.10.2013 - 08:52

најчитано сега