Коронавирусот ја „замрзна“ Македонија на 68.место од ФИФА ранг-листата
Светската фудбалска федерација (ФИФА) за првпат во историјата не направи промени околу рангирањето на репрезентациите на светската ранг листа, а причина е Коронавирусот кој го спречи репрезентативниот фудбал да се игра.
Така Македонија, остана на 68-то место, исто како и минатиот месец. Оваа година нашиот национален тим не одигра ниту еден натпревар, па варирање на листата може да донесат настапите на други репрезентации.
Врвот и натаму е во сопственост на Белгија, пред Франција, Бразил и Англија. Во првите десет се наоѓаат уше Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа