Јанакиески: Парцелата во центар и припаѓа Република Македонија

 

- Одговорно тврдам дека земјиштето е во сопственост на Република Македонија и согласно Законот за градежно земјиште ниту општините, ниту Министерството за транспорт и врски може да отуѓува земјиште што е сопственост на друг, без разлика дали е правно или физичко лице. Од друга страна во движењето на сопственоста на тоа земјиште во катастарот од 1929 година досега може да се види дека тоа лице воопшто не се појавува како сопственик. Доколку тоа земјиште порано нему или на семејството му било национализирано, можело да се поднесе барање за денационализација.Тоа за конкретната парцела не е направено,  изјави Јанакиески кој денеска беше во посета на општина Кривогаштани.

Јанакиески смета дека нема никакви правни пречки оваа парцела да биде продадена и затоа е објавен јавен повик, на кој, подвлече, се јавиле три лица. 

- Почетната цена беше 100 евра, а постигна цена приближно од 1.500 евра од метар квадратен. Господинот побара средба, ќе биде примен и ќе го добие овој ист одговор, рече Јанакиески.

23.10.2013 - 15:01

најчитано сега