Барозо: Сите балкански земји ќе влезат во ЕУ по исполнувањето на условите

 

Во интервју за германскиот весник „Билд“, претседателот на Европската комисија, Барозо, се заложи за прием на сите балклански земји во Европската унија.

Тој нагласи дека на подолг рок ќе бидат примени сите балкански земји, кога ќе ги исполнат условите и критериумите на Унијата.

„Некои од овие земји до неодамна војуваа меѓусебе, но сега пристапувањето кон ЕУ им дава перспектива и претставува важно средство за воспоставување на мирот во регионот“, истакнува првиот човек на Еврокомисијата.

 

Додавајќи дека Турција претставува „важна земја од економска и геостратешка гледна точка“, тој потенцираше дека  покрај за државите од Западен Балкан, вратите на ЕУ остануваат отворени и за влез на Турција.

23.10.2013 - 13:32

најчитано сега