ФОТО: Му наместила заседа на поранешниот љубовник - го полиле со бензин и го запалиле

 

Раде Тубиќ, 49годишен државјанин на БиХ убиен е кај српското село Годовик во заседа која му ја наместила неговата поранешна љубовница, 39 годината Драга Недељковиќ. Срспки Блиц јавува дека полицијата веќе ја уаспила заедно со уште едно лице, 47 годишниот Милутин Милиќ кој се сомничи дека е директен извршител на убиството. Мотивите се уште не се до крај јасни, но според она што го пишуваат српските медиуми, Драга била во врска со убиениот Раде која сакала да ја прекине. Тој пак, бил силно заљубен во неа и не сакал да се помири со фактот дека ќе ја изгуби. За да се ослободи од него, таа го повикала Милутин од кого побарала да го убие.


Се договориле Драга да го намами во шумата близу селото. Така и се случило, по што Милутин со тврд предмет почнал да го удира по главата се додека Раде не починал. Потоа, телото го полиле со бензин и го запалиле.
Раде Тубиќ се водел како исчезнат 13 дена, пред полицијата да го најде делумно јагленосаното тело.
На двајцата кои учествуале во убиството Судот им одредил притвор.

 

 

23.10.2013 - 12:29

најчитано сега