Клубовите од Примера ќе одиграат 110 меча во само 39 дена

 

Познат е денот кога шпанските прволигаши ќе му се вратат на фудбалските натпревари. На 11 јуни сезоната во Примера ќе продолжи со андалузиското дерби меѓу Бетис и Севиља.

Од тој ден, па се до 19 јули, секој ден ќе има натпревари од шпанскиот шампионат, поточно ќе се одиграат дури 110 меча во само 39 дена. Календарот се уште не е официјализиран, бидејќи се чека да започнат натпреварите за да се донесе конечна одлука.

Термините на одигрување на натпреварите ќе претрпат промена поради високите температури. Поголемиот дел ќе се играат навечер, со исклучок на клубовите од северниот дел на државата.

Не сите екипи се навикнати на овој ритам, но вонредната ситуација ќе ги натера челниците да постапат на овој начин, со цел да ја спасат тековната сезона. Често ќе се игра двапати неделно, што сигурно ќе биде напорно за фудбалерите и голем предизвик за тренерите и нивната ротација.

На 11 кола до крајот, најголеми шанси за титулата имаат Барселона и Реал Мадрид, кои се очекува да водат борба до самиот крај.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.05.2020 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега