ФОТО: Иванов ги освојува насловните страници во Кина

 

Средбата на претседателот Иванов со претседателот на Народна Република Кина предизвикач огромен интерес кај кинеските медиуми.

Средбата на претседателот Си Џинпинг со македонскиот претседател била емитувана во ударните појаси на националната телевизија, CCTV, China Central Television, која e најмоќна и најраспостранета телевизиска мрежа во Кина со 14 канали, и која покрај на кинески, емитува програма на четири други јазици, арапски, француски, англиски и руски јазик, што ја прави влијателна во светски рамки. Под наслов ”Македонскиот претседател во посета на Кина - Кина и Македонија ќе се залагаат за зајакнување на односите” кинеската телевизија CCTV известила за средбата на кинескиот со македонскиот претседател.

Фотографија од средбата Иванов-Си се појавила и на насловна страница на весникот “Renmin Ribao" (People's Daily), кој е најугледен, највлијателен и најраспространет весник во Кина со повеќе милионски тираж.

И престижниот “China Daily”, чиј просечен тираж е над 500.000 примероци, на своите страници одвоил простор за средбата на двајцата претседатели.

Весникот објавил опсежна статија за посетата на претседателот Иванов на Кина објави и “Хinhuanet”. „Кина и Македонија се заложија за унапредување на односите и продлабочување на соработката во сите области”, пренесувајќи ги изјавите на претседателот на НР Кина и изјавата на претседателот Иванов, во која ги поздравува најавите за кинески инвестиции во Република Македонија и вели дека македонскиот народ негува пријателски чувства кон кинескиот народ и дека двете земји имаат непречена соработка во политиката, економијата, културата, регионалните и меѓународните прашања.

23.10.2013 - 11:22

најчитано сега