Донесен Законот за ратификација на спогодбата за отворање нов граничен премин со Косово

Собранието денеска едногласно го донесе Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за отворање на нов заеднички граничен премин „Белановце – Станчиќ“.

Собранието во рамките на попладнивниот дел од работата по дневниот ред на 74-тата седница ја започна и расправата по Предлог-закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција за основање и за активностите на културните центри. 

Пратеникот Ердоган Сарач истакна дека Република Турција досега на многу пати покажа дака е пријател на македонскиот народ и држава: - Културното богатство од Османлискиот период мора да има државна заштита. Убеден сум дека оваа и владите во иднина ќе имаат разбирање за тоа, рече Сарач.

Пратеникот Бехиџудин Шехаби од ДУИ договорот го оцени како чекор напред во зацврстување на односите меѓу двете земји, кои, како што кажа, и така се многу добри, особено во областа на културата.- Потпишувањето на договорот е резултат на постојаната активност на министерствата за култура на Македонија и Турција во однос на заштита на културното наследство што резултираше со отворање на културни центри, рече Шехаби.

 

22.10.2013 - 16:16

најчитано сега