Комити: Имаме право да знаеме што ќе се случува со нашиот клуб, бараме чесност од Самсоненко
Навивачката група на Вардар, „Комити“ се огласи со соопштение, затоа што ова е период кога се одбројуваат последните денови од рокот што Вардар мора да го испочитува за да се вратат долговите за да може да се дојде до евро-лиценца за настап во европските купови во следната сезона.
„Имаме право да знаеме што се случува во нашиот клуб, но кога ќе прашаме, никој не е доволно компетентен да каже, никој освен едно лице, човекот кој го повикавме самите да влезе во клубот откако покажа дека носи успех и долгорочна стабилност особено во Ракометниот клуб Вардар. И така и беше, до клубот доживеавме да влеземе во групна фаза од официјално Европско натпреварување – Уефа лигата, по славната и неповторлива елиминација на големиот Фенербахче, со победа на жешкиот терен во Истанбул. Со ракометниот клуб доживеавме да подигнеме две Европски Шампионски титули, значи ДВЕ!“, се вели во соопштението на „Комити“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа