Фудбалер на Аталанта се бори за живот
Млад фудбалер на Аталанта, Андреа Риналди, се бори за својот живот откако претрпе аневризма на мозокот.
Риналди ќе наполни 20 години следниот месец, а во петокот се разболи и беше примен во одделот за интензивна нега во болница во Варезе. Се наведува дека тој е во „многу тешка и сериозна состојба“, но дека не починал, како што се појави ваква информација во неоклку италијански медиуми.
Неговите пријатели и соиграчи му испраќаат поддршка на социјалните мрежи, некои буквално се збогуваат со талентираниот фудбалер кој порасна во Аталанта, а еден од нив го остави Салваторе Елиа:
Сето ова е надреално. Невозможно е дури и да се замисли дека сето ова е вистина. Понекогаш судбината прави лоши шеги. Задоволство ми беше да те запознаам и да бидам дел од твојот живот. Те сакам пријателе, напиша Елија.
Има многу слични пораки, но Андреа е сè уште жив, иако е очигледно дека само чудо може да му помогне. Секој се моли во овој момент и верува во негов спас.
Тој оваа сезона играше на позајмица во Легнан, кој се натпреварува во групата Б на Серија Д. За овој тим, одигра 23 натпревари и постигна еден гол.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа