Полицијата трага по бугарска двојка кои се наводно родители на малата Марија
Ромското семејство, каде беше пронајдено мистериозното русокосо девојче Марија, пред судиите рекле дека детето им го оставиле Роми од Бугарија.
Мажот, кого властите го идентификуваа како Христос Салис, на судијата му рекол дека маж и жена од Бугарија им ја оставиле Марија на него и неговата сопруга во Фарсала. Тој тврдел дека не бил во кампот кога детето било оставено и дека потоа ја убедувал сопругата да го предадат на полиција.
Сопруга, која има две лични карти со различни имиња и датуми и место на раѓање едната на име Елефтерија Димопулу , а другата на име Селини Сали. Таа ја потврдила изјавата на сопругот, истакнувајќи дека одбила да го предаде девојчето на полиција бидејќи се приврзала кон него.
Грчките власти денеска телефонски се обидуваат да го пронајдат мажот за кој Салис тврди дека и го оставил детето во Фарсала и го дал неговиот број на полицијата. Полицијата објави и снимка од мажот и жената, кај кои живеело детето со надеж дека тоа ќе помогне за откривање на нејзините биолошки родители.
За русокосото девојче со сини очи, се веруваше дека има четири години, но според хуманитарната организација „Детска насмевка“, каде е згрижено моментно, таа е на пет или шестгодишна возраст.