Одземени тениските игралишта на Ѓоковиќ
Концесионерот на тениските терени во спортскиот центар „Милан Гале Мушкатировиќ“во општина Стар град ги раскина договорите со закупувачот на компанијата „Фемили спорт“, чија сопственост е на семејството Ѓоковиќ.
Ова е резултат на не подмирување на договорените обврски, пренесуваат српските медиуми.
Како што се наведува во соопштението на општината Стар град дека компанијата „Фемили спорт“ не го организирал АТП турнирот во 2013-та година, како и тоа дека не ја подмирувал закупнината на време.
Закупувачот не ги подмирил сметките за вода што тоа било пресудно за раскинување на договорот од страна на концесионерот.
Вкупниот износ на закупнината за објектите е договорен во висина на 275 илјади евра годишно, со тоа што е предвидено до конечното утврдување на износот на вложувањата на закупувачот во спортскиот комплекс, да се плаќа годишна сума од 75 илјади евра, кои сепак не биле редовно префрлувани.
Покрај овие работи на објектите кои биле под закуп се градело без градежни дозволи.
„На објектите кои се предмет на закуп беа изведувани работи без градежна дозвола, кои се во постапка на прекршочно санкционирање, а одговорноста за ова е на закупувачот. За бесправно изградените нешта, кои се изведени во периодот пропишан со законот, имаме поднесено барање за легализација“, се вели во соопштението на општината Стар град