Груевски и Филе во петок ќе разговараат за спорот со името

 

Претседателот на Владата, Никола Груевски, во петок во Брисел ќе оствари средба во еврокомесарот за проширување, Штефан Филе.

Потпаролот на Филе, Петар Стано, за Радио Слободна Европа, изјави дека Груевски и Филе ќе разговараат за Извештајот на Ек и грчко-македонскиот спор за името.

- „Ова е добра можност да се дискутира за содржината на извештајот за напредокот. Што е постигнато во Македонија на патот на земјата кон ЕУ и исполнувањето на потребните критериуми. Секако и за предизвиците кои претстојат и што треба да се направи со цел Македонија да може да дојде поблиску до друга фаза. Секако сите знаат дека напредокот е поврзан со прашањето за името така што веројатно ќе се разговара и за начинот како да се дојде до решение меѓу двете земји“ изјави Стано за Радио Слободна Европа“.

Инаку, минатата недела еврокомесарот го презентираше петтиот Извештај за Македонија со кој и се даде позитивна препорака за почнување на преговорите за влезот во ЕУ.

22.10.2013 - 12:47

најчитано сега