Следната година ќе се играат две финалиња во Купот на кралот
Во 2021 година ќе се одиграат две финалиња од шпанскиот Куп на кралот.
Поради пандемијата со коронавирусот прекината е Ла лига и одложено е финалето од Купот на кралот.
Финалето меѓу Атлетик Билбао и Реал Сосиедад беше закажано за 18 април.
По сѐ изгледа, Шпанците одлучија оваа година да нема финале меѓу баскиските ривали.
Иако натпреварувањето сѐ уште не е завршено, Сосиедад и Билбао сигурно ќе влезат во квалфикација за европско натпреварување како финалисти.
Финалето од Купот на кралот ќе биде поместено за пролетта во 2021 година и најверојатно ќе се одигра во март во Ла Коруња.
Тоа значи дека следната година шпанскиот куп ќе има две финалиња.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа