МАН: Пресудата за новинарот Кежаровски е неочекувано строга
Македонската асоцијација на новинари се огласи по пресудата за новинарот на Нова Македонија, Томислав Кежаровски, и оцени дека пресудата е премногу строга.
- Оттука произлегува дека сторителите на делото и изворот на информациите за заштитениот сведок се безмалку невини во однос на новинарот кој го објавил идентитетот, се наведува во соопштението од МАН.
За потсетување, денеска во Кривичниот суд беше донесена пресуда за случајот „Ликвидација“ со што новинарот Кежаровски доби четири години и шест месеци затворска казна, поради објавување на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“ во весникот „Репортер 92“.
Останатите обвинети меѓу кои имаше судии, адвокати и обвинители добија казна затвор од 1 до 5 години.
21.10.2013 - 12:12
Фото:
Нова Македонија