Завршува Скопскиот џез фестивал - еве кој ќе ја забавува публиката

 

Со настап на трубачот Ибрахим Малуф и на Дејв Холанд, еден од најдобрите басисти во историјата на џезот, вечер во Универзална сала завршува 32. Скопски џез фестивал.  

Парискиот трубач со либанско потекло Малуф, ја учи четвртонската техника на Средниот Исток од својот татко кој свирел на лимени дувачки инструменти. Неговото музицирање е инспирирано од арапаската култура, но инструментите и музичарите со кои настапува му даваат современ рок, електро и џез фанк шмек. Холанд, кого џезерите го нарекуваат господар на тонот и ритамот, од 1968 година работи со Мајлс Дејвис. Во 1983 година го формира својот прв квинтет, а паралелно соработува со музичари како Телониус Монк, Ентони Брекстон, Стен Гец, Чик Кореа, Пет Метини,... Во кариерата имал кратка средба и со Џими Хендрикс. Во Скопје ќе го претстави својот нов, исклучително моќен проект Prism.

Инаку, синоќа публиката уживаше во изведбата на Роско Мичел  трио, Касандра Вилсон и триото на трубачот Питер Еванс.

Скопскиот џез фестивал од втората вечер го снима познатиот француски телевизиски канал Mezzo кој промовира артисти од светската класична, денс и џез сцена.

21.10.2013 - 11:38
Фото: 
Дневник

најчитано сега