Jавноста гневна: Правилата важат за сите, но не и за Роналдо (ФОТО)
Кристијано Роналдо донираше неколку милиони евра за португалските болници во борбата против коронавирус. И покрај хуманиот гест Португалецот со еден потег предизвика гнев кај тамошната јавност.
Фоторепортерите го „фатија“ како со Георгина Родригез и децата шета низ улиците. Препораките и во Португалија се исти, сите да останат во своите домови, доброволно да бидат во изолација. Кафулињата и рестораните се затворени и секој мора да држи растојание од еден метар.
Но, без разлика на апелите Роналдо одлучи да се прошета.
Polemica in Portogallo. #CristianoRonaldo e Georgina pizzicati per le strade di Funchal con i bambini. Lo stato lusitano ha stabilito che è vietato uscire di casa fino al 6 aprile a meno di comprovata necessità. pic.twitter.com/ZEWMJbrG6M
— Calcio In Pillole (@CalcioPillole) March 29, 2020
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа