УФЦ шампион уапсен поради возење во алкохолизирана состојба, а имал и пиштол

 

УФЦ ѕвездата Џон Џонс е уапсен во Ново Мексико поради возење во алкохолизирана состојба и поседување на оружје.

Полицијата од Албакрки потврди дека Џонс е уапсен.

Граѓани пријавиле дека слушнале пукотници, а полициските службеници го затекнале Џонс со неименуван совозач во црн „џип“, а под автомобилот биле најдени и шишиња со алкохол.

Под седиштето на шампионот бил пронајден и пиштол.

Тој е тестиран и има два пати повеќе алкохол во крвта од дозволената количина.

Ова е третпат да биде уапсен поради возење во алкохолизирана состојба. Тоа му се случи во 2012 и во 2015 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега