За Нејмар платија 222 милиони, а за борба против коронавирусот донираат 100.000 евра
Францускиот фудбалски клуб Пари Сент Жермеин ќе донира 100.000 евра за борба против коронавирусот.
Медиумите веднаш остро регираа на ова бидејќи ПСЖ е „сопственик“ на двата најскапи трансфери во историјата на фудбалот.
Тие за Нејмар платија 222 милиони евра, а за Килијан Мбапе 180 милиони.
ПСЖ објави дека ќе се приклучи на организацијата СПФ и ќе донира 100.000 евра за борба против коронавирусот и се надева оти така ќе ги привлече и другите клубови да учествуваат.
Од друга страна, играчите како Јулијан Дракслер и Тило Керер веќе донираа околу милион евра.
Коронавирусот во Фрација зарази над 16.000 луѓе, а досега умреа повеќе од 650.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа