Во Црното море се урна руски ловец „Су-27“

 

Според првични информации на руското Министерство за одбрана денеска во водите на Црното море, за време на редовен лет, се урнал авион „Су-27“,  јавија руските медиуми.

Несреќата се случила на 50 километра од градот Теодосија, каде пилотот на авионот пријавил дека има проблеми со леталото.

Во спасувачката операција се вклучени воени хеликоптери Ан-26 и Ми-8, како и цивилни бродови што биле во непосредна близина на местото на инцидентот.

„Потрагата по пилотот во зоната на дејствување е усложнета од лошите метеоролошки услови“, додава руското Министерство за одбрана.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2020 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега