ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Жерновски уште молчи за имињата на оние кои нуделе мито и бизнис соработка?
Андреј Жерновски молчи и одбива да даде одговор на легитимните прашања поставени од јавноста и од експертите. Кои или кој се тие што на Андреј Жерновски и на неговите соработници им нуделе мито и бизнис соработка.
Во правна држава неможете да кажете дека некој ви нудел мито, а потоа неколку денови со ред да се криете од јавноста. Жерновски или излажал или свесно ги заштитува тие што му нуделе мито, а со тоа станува нивен соучесник.
Досега Андреј Жерновски јавно не ги соопшти имињата, ниту пак, според нашите информации, ги пријави до надлежните институции фирмите или лицата кои наводно до него и неговите соработници им нуделе мито.
Недозволиво е градоначалник на Општина Центар од ракав да изнесува обвинувања, а потоа да молчи кога јавноста од него ќе побара докази. Ние нема да дозволиме оваа скандалозна изјава на Андреј Жерновски да биде заборавена и да се третира како незначајна.
Ваквиот стил на однесување говори за она што ние и досега го тврдевме, дека Андреј Жерновски е несериозен и арогантен политичар. Тој ниту си стои на своите зборови ниту разбира која е неговата одговорност како градоначалник на Општина Центар. Жалиме што граѓаните на Општина Центар во овие 4 години ќе ги трпат последиците на несериозното однесување на Жерновски.
Интегрален текст од изјава на ВМРО-ДПМНЕ.