Сопственикот на Лудогорец позитивен на коронавирусот – направи хаос во Софија
Сопственикот на фудбалскиот клуб Лудогорец и бугарски олигарх Кирил Домушчијев се заразил со коронавирусот и направи голем проблем во Софија.
Бродскиот магнат не ги почитувал правилата на однесувања и во приватна болница дознал дека е позитивен .
На тој начин загрозил 350 луѓе, од кои 180 вработени и 170 пациенти и ги затворил во карантин додека сите не се проверат.
Полицијата го затворила влезот во болницата и го држи под контрола, сѐ поради невнимателноста на Домушчијев, зашто за тестирање на коронавирус предвидени се четири јавни болници.
23.03.2020 - 22:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа