Потресна порака на Српската одбојкарка која живее во Италија: „Драги мои вие само продолжете да излегувате по кафулиња“

 

Српската одбојкарка Јована Бракочевиќ Канциан која живее во Италија вчера се огласи на социјалните мрежи  со потресен статус кој треба секој од нас да гопрочита и упати јасна порака.

„Не пишувам често, рчиси никогаш, но сега имам потреба.Ковид-19 е вирус кој не затвори по куќите.Ама дали беше само тоа? Од коронавирусот се умира.Тоа е факт! И не само што се умира, туку умирате сами.Нема ниге никој освен медицискиот персонал кој е така опресмен што едвај и очите им се гледаат.Нема никој да го фати за рака оној што умира.Никој!.

Денес во италијанскиот град Бергам се случи нешто уште полошо. Воен конвој дојде по ковчезите со починатите. Нема каде да се погребаат па ќе бидат кремирани.Тоа е тоа. Никој не доби шанса да ги види.Никој не се прости од тие луѓе.Влегле во болница заразени, се бореле со болеста, сами без своите блиски и сами ја изгубиле борбата... без никој.Нема да има ни погреб.Кремирани и тоа е тоа,

Драги мои само продолжете а излегувате по кафулиња. Да се шетате по паркови и продавници или да одите било каде без потреба. Се изложувате на ризик себе и своите блиски, не само на зараза, туку и на смрт во изолација, сам. 

Да бидеме попаметни. Да го сакаме не само сопствениот живот, туку и животот на своите најблиски кои исто така може да ги доведеме до потенцијална опаснот. Да го почитуваме зљконот и сето ова да помине побрзо.

Се надевам дека овој пост барем некому ќе го промени начинот на размислување и дека ќе се обиде да ги убеди најблиските дека за кафулиња има време. Битно е да сме сите здрави!  пишува српската спортистка во својот статус.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.03.2020 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега