Игуаин „избегал“ од карантин во Италија и отпатувал за Аргентина

 

Гонзало Игуаин попладнево го привлече вниманието на јавноста во Италија откако се појави информација дека „избегал" од карантинот во Торино и со приватен авион се вратил во Аргентина.

Во редовите на Јувентус двајца играчи се позитивни на коронавирус, па целиот тим е во карантин. Попладнево се појави информација дека Гонзало Игуаин „избегал“ и се обидел да се врати во родната Аргентина.

Ла Република пренесе дека полиција го сопрела напаѓачот пред тој да се качи во приватен авион, го вратила назад и му порачала дека треба уште една недела да биде во изолација, и покрај тоа што фудбалерот им покажал сертификат дека не е позитивен на Ковид 19.

Сепак, неколку други извори имаат различна верзија на приказната. Тутоспорт вели дека Јувентус му дозволил на Гонзало Игуаин да замине бијдеќи неговата мајка била тешко болна од рак. Тие му издале сертифиакт дека нема коронавирус и му обезбедиле приватен лет.

„Старата дама“ исто така разговарала со полицијата за да ја објасни ситуацијата на голгетерот за авионот да добие зелено светло за полетување.

Со оглед на тоа дека има многу ограничувања на летовите од Италија, Гонзало Игуаин најпрво ќе се упати во Франција, од таму во Шпанија па дури потоа ќе отпатува за Јужна Америка.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2020 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега