Ругани ја заразил својата бремена девојка
Фудбалерот на Јувентус, Даниеле Ругани преживува драма поради коронавирусот.
Ругани е првиот италијански играч кој се зарази со новиот вирус, а за работите да бидат уште полоши, тој Ковид-19 го пренел на својата бремена девојка.
-Се надевам дека нема да влијае на бебето, изјави неговата девојка Микела.
Освен Ругани, во клубот од Торино заразен е и Блез Матуиди.
-Бремена сум четири месеци, што ќе се случи сега?, праша Микела.
Сепак, вели дека докторите ја уверувале оти нема да има никакви последици врз бебето.
18.03.2020 - 22:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа