Ако првенството заврши, Ливерпул нема да ја добие титулата

 

Ливерпул нема да ја освои титулата доколку не заврши сезоната во Премиер лигата. Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, тоа сам го навести. Шампионатот во Англија е суспендиран најмалку до 4 април и постојат сомнежи дали ќе биде завршен.

Момците на Клоп имаат предност од 25 бода пред второпласираниот Манчестер Сити и според најголемиот дел од навивачите ќе биде неспортски во една ваква ситуација клубот да остане без заслужениот трофеј.

„Слушнав некои лажни вести дека УЕФА ќе ги советува федерациите да ги прекинат локалните првенства и да бидат шампиони оние кои се на прво место. Можам да кажам дека тоа не е точно. Наша цел е да ги завршиме шампионатите и не препорачавме вакво нешто“, рече Чеферин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2020 - 21:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега