Валенсија: Околу 35 отсто од вработените заразени со коронавирусот
Фудбалскиот клуб Валенсија потврди дека околу 35 отсто од вработените, меѓу кои има и фудбалери, се позитивни на коронавирусот.
Шпанските медиуми јавуваат дека меѓу заразените се и Езекијел Гарај, Хосе Гаја и Елаким Мангала.
Сите кои се позитивни се вратиле од Милано, кога Валенсија го играше првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите со Аталанта.
Претставниците на клубот велат дека сите кои се позитивни се дома во самоизолација, при што ниту еден не покажува симптоми на вирусот. Меѓу заразените се и клубските лекари.
16.03.2020 - 23:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа